За Нас

Фарма Прима - Дистибуција на лекови, медицински материјал и апаратура

logo

Фарма Прима представува веледрогерија која се бави со дистибуција на лекови, медицински материјал и апаратура од областа на здравството.

Веледрогеријата Фарма Прима дооел представува резултат на повеќе од две децениска фокусирана работа во областа на дистибуцијата на фармацевтски производи и апаратура, но како Фарма Прима дооел функционира на територијата на Република Македонија од 2006 година. Низ целиот период на функционирање, Фарма Прима успеа да изгради референтни корпоративни вредности кои се пример за начинот на работење во дистибутивната бранша на фармацевтски производи и апаратура.

Широката дистрибутивна мрежа, која ја покрива целата територија на Република Македонија, резултира со навремена и точна дистрибуција на дневно ниво до сите продажни места и коминтенти на Фарма Прима со кои компанијата има изградено силни професионални односи.

  • Навремена достава 95%
  • Професионална Услуга 90%
  • Услови за складирање и чување 85%
  • Задоволство на коминтентите 99%

Визија и Мисија

Визијата на Фарма Прима е да биде еден од лидерите на дистрибуција на фармацевтски производи на територија на Р.Македонија. Посветеноста кон исполнување на највисоките стандарди при работа , партнерскиот однос и секојдневата комуникација со нашите клиенти придонесе  Фарма Прима да е редовен снабдувач на аптеки, приватни здравствени установи и болници на територијата на Р.Македонија, чијшто број на годишно ниво прогресивно се зголемува.

Мисијата на Фарма Прима е да им понуди широк спектар на фармацевтски производи од најреномираните домашни и странски фармацевтски компании на своите коминтенти.

највисок квалитет на своите услуги

највисок квалитет на понудените производи

најбрза и најквалитетна дистрибуција до своите клиенти

развивање на стратешка соработка со своите клучни клиенти

имплементација и развој на корпоративни вредности

запазување на животната средина и еколошките стандарди

Логистика

Фарма Прима е целосно посветена на задоволување на потребите на своите клиенти како и на крајните потрошувачи  и е целосно посветена кон исполнување на највисоките стандарди за складиштење и дистрибуција на фармацевтските производи.

За да се задоволат највисоките стандарди Фарма Прима поседува сопствен магацин со вкупна површина од 2000м2, разладни комори, царински склад како и административна зграда. Фарма Прима располага со флота од транспортни возила (патнички, товарни,пикап возила, комбиња и возила со комора) како и високо обучен кадар се со цел да се задоволат сите потреби на нашите клиенти за навремена достава на порачаните производи.

Фарма Прима со својата дистрибутивна мрежа ја покрива целата површина на Р.Македонија. Доставата на пратките се врши истиот ден кога е извршена порачката. Дистрибуција на порачките на територијата на град Скопје се врши три пати дневно ,а до секој друго место на териоријата на Р.Македонија најмалку 3 пати неделно.

Категориите на лекови кои имаат посебен режим на чување согласно законските прописи и имаат строго контролиран пристап.


Транспортни Возила

флота од транспортни возила (патнички, товарни, пикап возила, комбиња и возила со комора)

Нашиот Тим

високо обучен кадар

Ресурси

Фарма Прима поседува сопствен магацин со вкупна површина од 2000м2, разладни комори, царински склад како и административна зграда

Дистрибутивна Мрежа

Фарма Прима со својата дистрибутивна мрежа ја покрива целата површина на Републилка Македонија